ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Старт на новата учебна година на 11 септември, МОН анализира

Старт на новата учебна година на 11 септември, МОН анализира

Новата учебна 2023-2024 година би можела да започне на 11 септември и да заврши до крајот на јуни. Но, може да остане и вообичаниот датум 1 септември, а во текот на учебната година да има и краток пролетен распуст. Според министерот Јетон Шаќири, овие измени за кои владата треба да одлучи се прават за да се зголеми продуктивноста на учениците и наставниците.

Advertisements

„На почетокот на септември имаме празник и имаме период во кој голем дел од учениците, од нашите податоци што ги имаме, ги користат летните одмори на почетокот на септември. Второ е дека одмор во пролетните месеци, според кажувањата на наставниците, придонесува во педагошката смисла за учениците и за наставниците. Сите можности се отворени, ќе видиме и ќе се договориме како ќе одлучиме“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование.

За ваквите предлози зелено светло даваат и од СОНК. Претседателот на синдикатот Јаким Неделков вели дека сепак се потребни издржливи аргументи за секој предлог. Но и самиот вели дека светот се менува и оди напред, а Македонија мора да ги следи позитивните промени.

Без оглед на одлуката што треба да се донесе ќе остане наставниот процес во 180 работни дена како што е предвидено во наставната програма за основните и средните училишта. Од овој случај се исклучуваат матурантите кои според наставната програма, мора да имаат 166 дена настава.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button