ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охридско езеро, водата студена, но чиста

Охридско езеро, водата студена, но чиста

Ако до лани, охриѓани и туристите во овој период се капеа во Охридското езеро, сега поради променливото време температурата на водата е само 19 степени. Но, квалитетот ѝ е со одличен квалитет, односно од прва и втора категорија, покажуваат анализите на Центарот за јавно здравје.

Advertisements

„Имаме дел од примероци во струшкиот дел, околу капалиштата кои гравитираат во градското јадро и тука имаме две капалишта кои се втора класа и микробиолошки се добри, но согласно законската регулатива сите тие води и од прва и од втора класа можат да се користат за капење, спорт и реакција„, изјави Сашо Точков-директор на Центар за јавно здравје Охрид.

На охридска страна од езерото загрижува квалитетот на водата кај едриличарскиот клуб Биљанини извори и Студенчишкиот канал.

„Цевката која тука се влева, земена е вода и примерок директно од цевката и тука имаме вода со класа пет, незадоволителна микробиолошки, што значи дека таа вода го загадува директно каналот Студенчишта, Биљанини извори и Охридското езеро…“, рече Сашо Точков-директор на Центар за јавно здравје Охрид.

Екологистите алармираат дека и хотелско-туристичките капацитети се исто така загадувачи на езерото и оти надлежните инспекциски служби мора да преземат итни мерки за решавање на овој проблем.

„Постојат некои загадувачи, претежно тоа се хотелско угостителски објекти кои се сместени по должината на охридското крајбрежје од Пештани, па на југ и исто така од градот Струга до Радожда, кои сè уште не се вклучени на колекторскиот систем…“, нагласи Ѓоко Зороски-екологист.

Потенцијални загадувачи се и приватните куќи во село Радожда кои се уште користат септички јами, потоа стариот дел на Охрид, регионот околу плажата Сараиште и Канео. Водата постојано ја загадуваат и реките Грашница и Сатеска.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button