ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изводите добија графа за етничка припадност

Изводите добија графа за етничка припадност

Во Службениот весник е објавено упатството на Министерството за правда со кои во изводите од матична книга на родените, венчаните и умрените, се додава и графа за национална припадност. Од Министерството за правда претходно соопштија дека додавањето на оваа графа е со цел да се избегнат злоупотребите по етничка основа при пријавување на работа на конкурси за вработување во јавниот сектор. Имено, на некои такви огласи имаше случаи во кои Македонци се вработуваа на места распишани за Албанци или припадници на други етнички заедници, со едноставно декларирање на лажна припадност. /Alsat.mk

Advertisements

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button