Ковачевски бара УЈП и Царина да го проверат имотот на своите вработени
Ковачевски бара УЈП и Царина да го проверат имотот на своите вработени

Нови удари кон „естаблишментот“ доаѓаат од јавниот сектор. Најавите на синдикатот за генерален штрајк може да ги блокира највиталните институции во државата. Во меѓувреме, премиерот Ковачевски вели дека ќе ги испружиме нозете колку што ни е јорганот. Осврнувајќи се на буџетските можности, тој рече дека министерот за финансии ќе се сретне со синдикалните лидери во Царинската управа и во Управата за јавни приходи за изнаоѓање заедничко решение. Ковачевски вели и дека покачувањата нема да бидат постепени, туку ќе се мери учинокот на работниците и ќе се гледа имотната состојба на вработените, оставајќи простор да се алудира на „ветинг“ во јавниот сектор.
Додека јавниот сектор е толку пренатрупан со вработени што државата не може да ги зголеми платите, во приватниот сектор е спротивно. На пазарот на трудот недостасуваат повеќе од 10.000 вработени. Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битќи, вели дека во Агенцијата за вработување има повеќе од 10.000 слободни работни места од различни профили.
„Одржливо долгорочно решение е овие невработени лица да се преквалификуваат со нови вештини кои ги бара пазарот на трудот. Има група луѓе, особено жени, кои не се активни на пазарот на трудот, со кои мора да започнеме со обука за да ги активираме. Сега на компаниите итно им се потребни работници бидејќи ја губат конкурентноста на регионалниот и глобалниот пазар“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.
Сè додека не се постигне општ колективен договор за целиот јавен сектор како администрацијата, извршната и законодавната власт, судството и претседателството, премиерот бара разбирање за да не се прекине работата на државните органи. Но, во УЈП денеска повторно имаше двочасовен протест без работа, а Царината останува на ставот да стапи во генерален штрајк, блокирајќи ги сите царински пунктови.
Аднан Ќаили