Министерот Шаќири бара одговорност од учениците кои го „шеруваа“ тестот по англиски
Министерот Шаќири бара одговорност од учениците кои го „шеруваа“ тестот по англиски

Министерот за образование Јетон Шаќири бара одговорност за групата ученици кои преку групи на Вибер, а потоа и на социјалните мрежи го „шеруваа“ тестот од државната матура по англиски јазик. Шаќири бара Центарот за државна матура и советот, да проверат дали и од кого имало прекршоци при полагање на тестот.
„Очекувам на крајот на месецов да излезат резултатите од првото успешно тестирање кое го спроведе државната матура. Од Државниот центар за матура и советот е побарано да ги земат предвид сите законски прекршоци во текот и по резултатите од постапките, да има наод во однос на описот – препишувањето. Сите ние како општество треба да придонесеме овие настани што помалку да се случуваат во образовниот процес. Сите чекори што мора наскоро да ги преземе советот за државната матура или центарот за државна матура, сите препораки мора да имаат основа. Не смееме да размислуваме само за одредена група која била вклучена во тој процес. Доколку советот на државната матура констатира во кое училиште, која група ученици го сторила прекршокот, до објавување на резултатите, ќе има одговорност“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука. /Алсат.мк