ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето утре, сончево и со мала до умерена локална облачност
Времето утре, сончево и со мала до умерена локална облачност

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен. /Алсат.мк