ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Собранието две комисии ќе одржат седници

Во Собранието две комисии ќе одржат седници

Во Собранието на Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за прашања на изборите и именувањата.

Advertisements

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе дискутираат по Предлог законот за дополнување на Законот за минерални суровини во прво читање и Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија во прва фаза.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата продолжува расправата по предлогот за избор на член на Советот на јавните обвинители.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button