Пендаровски го посети Мисини и го информираше за Законот за матична евиденција
Пендаровски го посети Мисини и го информираше за Законот за матична евиденција

Претседателот на државата утрово го посети активистот Суад Мисини кој во текот на вчерашниот ден започна штрајк со жед со цел да им помогне на граѓаните кои имаат проблем со личните документи.
„Во разговорот го информирав деке веќе го потпишав Указот на законот со кој се изменува Законот за матична евиденција на граѓаните. Со овие измени им се овозможува на над 600 наши граѓани да ги решат нивните проблеми и да добијат лични документи. Исто така со измените ќе се реши и проблемот со без државјанството и на секое дете кое ќе биде родено во земјата затоа што ќе добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители имаат или немаат лични документи“, напишаа на ФБ Пендаровски.
Пендаровски потенцира дека е потребно што е можно поскоро да се направат измени и во Законот за живеалиште и престојувалиште со што ќе се овозможи на уште една ранлива категорија наши граѓани да извадат лични документи.
„Апелирам до пратениците во македонското Собрание кои веќе работат на овој процес да го завршат час поскоро затоа што секој човек има право на достоинствен живот. На крајот на разговорот побарав од Суад Мисини да продолжи со неговиот активизам на начин на кој нема да биде загрозено неговото здравје“, рече Пендаровски.