„Ковачевски купува време додека вработените се закануваат со генерален штрајк“
„Ковачевски купува време додека вработените се закануваат со генерален штрајк“

Барањето на премиерот Ковачевски за еден вид „ветинг“ во јавниот сектор е купување време, велат од Центарот за граѓански комуникации. Целта е да се создаде временски простор додека евентуално не се постигне договор за методологијата на исплата на платите и колективниот договор. За проверка на можна корупција, злоупотреба на службената положба не треба нови механизми, туку е доволно да се стават во функција актуелните, вели шефот на организацијата Герман Фиков. Тој вели дека самите власти признаваат дека има кражби во УЈП и Царината.
Од Центарот за граѓански комуникации велат дека во нивната последна студија корупцијата е рангирана како прв проблем во општеството. Потоа следуваат невработеноста, скапотијата, ниски примања и сиромаштијата.
Извештај за проценка на корупцијата
21,4% се изјасниле дека платите на државните службеници се многу ниски
45,5% сметаат дека судскиот систем е неефикасен во борбата против корупцијата
57,6% сметаат дека оние на власт сакаат брзо и лично збогатување
43,9% нема доволно правната заштита на лицата кои пријавуваат корупција
43,4% нема строга административна контрола против корупцијата
Според Извештајот, 84% од Македонците и 73% од Албанците се согласуваат дека желбата за брзо лично збогатување на оние кои се на власт е главен фактор за широко распространетата корупција. Интересно е да се забележи дека 39,4% од поддржувачите на СДСМ и 52,2% од поддржувачите на ДУИ сметаат дека е голема желбата за богатење на оние кои се на власт. Истото го сметаат дури 67,6% од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ.
Аднан Ќаили