ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Ќе им се враќаат парите на дијабетичарите кои плаќале за ленти за мерење?

Ќе им се враќаат парите на дијабетичарите кои плаќале за ленти за мерење?

Министерството за здравство ќе ја разгледа можноста за враќање на парите потрошени за ленти и апарати за мерење на дијабетес на пациентите заболени од оваа болест. Министерот за здравство вели дека тоа ќе се случи доколку овие лица поднесат барање.

Advertisements

„Доколку има такви барања во рамките на законот, ќе ги испитаме и ќе одлучиме за тоа прашање“, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

Повеќе од шест месеци многу од дијабетичарите месечно трошеа и по околу 6.000 денари за набавка на ленти и апарати за мерење на шеќерот во крвта бидејќи државата не ги снабди аптеките со овие инструменти за да бидат покриени од Фондот за здравство. Од Здружението на лица со дијабет бараат одговорност од министерството нагласувајќи дека ова е основна опрема за нивното здравје.

Дијабетичарите често се соочуваат со делумен недостиг на терапија или опрема. Од Министерството за здравство уверуваат дека се залагаат за надминување на овој проблем и оти во моментов се избрани фирмите за овие набавки. Дистрибуцијата ќе почнале за десетина дена.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button