ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Против Мерко се водат 6 постапки, струшките обвинители под лупа

Вкупно 6 кривични пријави се доставени до Основното јавно обвинителство против струшкиот градоначалник Рамис Мерко. Во соопштението од Обвинителствито е наведено дека по сите пријави се постапува и дека постапките се во различни фази. Овие одговори на Обвинителството доаѓаат по завчерашната објава на Стејт Департментот во која струшкиот градоначалник Мерко и неговото потесно семејство се ставени на „црна листа на САД“, поради корупција и мешање во судски предмети.

Advertisements

Во соопштението на Обвинителството е посочено дека исклучително сериозно ги зема предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на ова лице врз постапките.

„Од тие причини, обвинителството итно по секој предмет ќе ја испита законитоста и ажурноста во постапувањата и евентуалното вршење влијание во постапувањето по предметите. За сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност,“, се посочува во соопштението.

Најголемиот предмет по кој сега постапува Обвинителството е кривична пријава од Управата за финансиска полиција која се однесува на злоупотреба на службена должност со предизвикување на посериозна штета на буџетот при јавна набавка.

Како што дознава Алсат од извори во Обвинителството, ова се активните предмети коишто се водат против Мерко:

Согласно евиденцијата на Јавното обвинителство, против лицето кое го наведувате активни се следните предмети:
​1. КО бр. 107/23 кој е заведен по кривична пријава поднесена од повеќе Здруженија на граѓани, за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ. Пријавата е поднесена на 26.04.2023 година, постапува ОЈО Струга и преема дејствија за проверка на наводите.
2. КО бр. 117/23 заведен во ОЈО Струга против наведеното и уште две други лица за кривични дела по член 353 и член 353-в од КЗ, а по кој има испитани лица и редовно се постапува.
3. КО бр. 121/23 примен во ОЈО Струга на 19.05.2023 година и по кој се проучува пријавата и предистражната постапка е на почеток.
4. КО бр.208/15 отворен по пријава од УФП за кривично дело по чл.353 ст.1,2. и 5 против лицето за кое покажувате интерес и други три лица. Обвинителот што постапува во предметот издал Наредба за вештачење до Бирото за судски вештачења, по доставените наоди во три наврати е побарано дополнување на вештачењето. Предметниот обвинител се уште го чека постапувањето по Наредбата за дополнување издадена во февруари 2020 година.
5. КО бр. 15/22 отворен во ОЈОГОКК​ по кривична пријава од група адвокати против три лица, а во врска со ангажмани за адвокатски услуги, предметот е во предистрага и се постапува по истиот.
6.​ РО 55/19 предмет по анонимна кривична пријава за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Измама против наведеното и повеќе други лица, поврзано со експропријација на земјиште во Струга. По слични наводи постапувало и ОЈО Струга и ОЈОГОКК, по што двата предмети се споени, обезбеден е судскиот предмет и дел од списите кои се наведуваат во пријавата. Се наоѓа во фаза на предистражна постапка.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button