На 10% од студентите професори им барале пари за оценка

Околу 20% од студентите оценуваат дека корупцијата е многу или екстремно присутна на факултетите и добар дел од нив лично ја доживеале. Ова е еден од наодите на студијата за перцепцијата за корупција кај студентите спроведена од Институтот за стратешки истражувања и образование.
Коруптивните практики што студентите ги идентификуваат како најчести се мамење студенти на испити, ангажирање други лица за изработка на трудови во нивно име и принудување од професорите да купат нивни книги за да добијат подобра оценка. Слично истражување било спроведено и во Албанија и Србија.
Во Албанија имало многу подобри информации како студентите да пријават корупција, додека во Србија има послаба перцепција за поткуп од професори или за обврски за купување книги.
Корупцијата во високото образование ја следат и од Антикорупциската комисија.
Студијата опфатила 300 студенти од секоја од трите држави, а кај нас дел од неа биле факултети од Скопје, Тетово, Битола и Штип. Податоците не покажуваат драматични разлики во резултатите од град до град или универзитет до универзитет.
Фатлуме Дервиши