МАКЕДОНИЈА

ДУТ не поднел жалба за констатираните неправилности на инспекторатот

И покрај тврдењата на министерот за образование Јетон Шаќири дека во овој момент не може да се постапува против Тетовскиот Универзитет за констатираните прекршоци од страна на Просветниот инспекторат, истражувањето на АЛСАТ покажа дека Шаќири манипулира. Тетовскиот Универзитет за овие прекршоци никогаш не поднел претставка до второстепената комисија која е единствена надлежна да одлучува по жалбите на извештаите на инспекциските институции.

Advertisements

„Нашата комисија досега нема примено жалби од Универзитетот во Тетово. Тоа го потврдивме и со Архивата на Комисијата. Такво нешто нема“, вели Елизабета Русеска, претседателка на второстепена комисија.

Според законот, министерот за образование Јетон Шаќири е должен да преземе мерки откако ќе бидат констатирани прекршоци од просветниот инспекторат и потоа Универзитетот одлучува дали ќе се жали на тоа решение или не.

Но, министерот Шаќири и еден месец по оваа одлука не презема ништо. Извештајот го држи блокиран наведувајќи невистини дека извештајот го разгледува второстепената комисија.

прашање: Од кого ја очекувате оваа одлука бидејќи сега сè е во ваши раце?

„Не, не е конечна одлука, во некој процес ако има извештај од инспекциски надзор и има друга страна која се противи на тој извештај, има и други органи кои одлучуваат, било да е и второстепениот инспекторат“, вели Шаќири.

„Тетовскиот универзитет се жали во второстепената комисија“, додава Шаќири.

АЛСАТ пред еден месец успеа да го обелодени извештајот на Просветниот инспекторат. Таму беше откриено дека Сенатот на чело со Вулнет Амети незаконски го назначил Куштрим Ахмети за в.д ректор, а незаконски се назначени и сите проректори.

Констатирани се прекршувања и при необјавувањето на конкурсот за ректор во законските рокови од страна на тројца претходните вршители на должноста Вулнет Ахмети, Решат Ќаили и Куштрим Ахмети. Поради тоа универзитетот остана без ректор речиси две години. Незаконски, според Инспекторатот, било и наметнувањето дополнителни критериуми на првиот конкурс за ректор.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button