ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ЕСМ нуди поевтина цена за ЕВН Хоум

53 евра за мегават час е цената која државнте електрани ја понудиле на тендерот објавен од Универзалнио снабдувач ЕВН ХОУМ. Цената за произведената стрија ЕСМ ќе ја продаваат до крајот на оваа година. За разлика од ланската понуда, новата цена е за 5,3 отсто пониска од актуелната, објаснуваат од ЕВН.

Advertisements

ЕВН ХОУМ:

„На денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември 2023, доби само една понуда од АД ЕСМ. АД ЕСМ и понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 53 евра за мегават час. За цената на електричната енергија во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри.“

Иако регулаторна се уште нема донесено одлука која ќе биде нова цена, премиерто Димитар Ковачевски тврди дека зголемување нема да има.

„Јас можам да ги уверам граѓаните дека нема да има ценовен шок нема да има зголемување на цената на електричната енергија за тоа и веќе имаме определено финансиски средства во буџетот за антикризни мерки со која ќе биде помогната ЕСМ“, рече Ковачевски.

Од регулаторната комисија веќе најавија дека следната недела ќе биде соопштена нова цена на струјата. Треба да се анализираат сите пресметки доставени од МЕПСО, МЕМО и ЕВН Хоум, во кој влегуваат и трошоците на компаниите кои ги имаат пријавено во РКЕ. Она што сигурно се знае дека од први јули граѓаните ќе плаќаат зголемено ДДВ од 18 проценти. Ветената ефтината тарифа нема да стартува од први бидејќи на ЕВН му требало повеќе време за да ги подеси сите броила во земјава.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button