СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Во која фиока се случаите „Делчевски ниви“ и „Моќник“?

ДПМНЕ е политичка партија чиешто седиште е сместено во криминална зграда, конфискувана Бела палата, дивоградба, партија чиј почесен претседател е на црната листа на САД. Со бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, со стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ДПМНЕ, со јавни признанија, меѓу кои и за злосторничко здружение, реагираат од СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека го штити криминалот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој се најде на црната листа на САД поради сомнеж за корупција.
„До каде е случајот за белата палата на ДПМНЕ? Дали има и други случаи кошто седат во фиока како на пример Делчевски ниви? Или случајот ‘Моќник’ за Антонио Милошоски? ДПМНЕ нека ги прашаат надлежните институции до каде е случајот ‘Делчевски ниви’ и до каде е случајот на Антонио Милошоски“, велат од СДСМ.