ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Претпладне облачно, попладне нестабилно со услови за пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Advertisements

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. UV=6, објави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а од пладне нè очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button