ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мерко не се повлекува иако е на црната листа на САД

По една недела молк и криење од очите на јавноста и медиумите, струшкиот градначалник Рамиз Мерко, кој Американскиот Стејт Департмент го стави на црната листа на САД, на својот фејсбук напиша дека ќе соработува со институциите и ќе ја доставел на увид целата документација, која ќе му биде побарана.

Advertisements

„По најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт Департмент, не сакав да комуницирам во корист на процесите, за кои ќе бидам отворен како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи. Oд страна на институцијата Општина Струга, како и од моја страна, ќе ја доставyвам навреме и што е можно поскоро секоја потребна документација, бидејќи секогаш сум бил транспарентен за органите на правдата и за сите други институции“, вели Мерко.

Мерко во писмена изјава никаде не споменува оставка и морална одговорност.

„Во интерес на процесот, решив да ја замрзнам секоја активност во партиските структури до затворање на важните процеси за сите.

На крајот, сакам да му се заблагодарам на секој граѓанин за поддршката низ годините, но и поддршката што не ја штедевте и овие денови, за кои убеден сум дека ќе ги надминеме заедно, за да создадеме услови за подобар живот на Стружани и за Струга што ја сакаме. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга“, додава Мерко.

Алсат и денес се обиде да добие лично изјава од Мерко. Но трет пат во овие неколку дена тоа не ни беше дозволено од страна на обезбедувањето, овој пат со став дека Мерко го кажал тоа што го мислел писмено. Тој и денес беше на своето работно место, каде што беше паркиран и неговиот луксузен автомобил Ауди А 6 кој го купи за 67.000 евра, додека општината тонеше во долгови и имаше блокирна сметка. Во меѓувреме се зголемува притисокот во јавноста и повиците Мерко да си поднесе оставка, а судските институции се мобилизираа откако САД, го прогласи Мерко за персона нонграта поради неговата вклученост во корупција.

Четворица обвинители од ОЈО на Република Северна Македонија од Скопје денес во јавното обвинителство во Струга ги чешлаат предметите, односно вршат надзор на предметите поврзани со актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, кој што минатата недела од страна на Американскиот Стејт Департмент заедно со целото негово семејство беше ставен на црната листа.

Тие ќе вршат надзор и на предметите во Вишото јавно обвинителство во Битола, по што Комисијата ќе изготви извештај. Се уште не е формирана комисијата која ја најави Судскиот совет, а која треба да ја проверува работата на Основниот суд во Струга, додека претседателот на судот Ифет Бајрамоски замина на годишен одмор. Инаку против Мерко има шест активни случаи,но ниту еден од нив не е завршен. Дел од нив се заглавени во предистрага уште од 2015 година.

Мерко во изминатите години го следат серија скандали и обвинувања од неговите политички опоненти, за трошење огромни суми од општинските пари за набавка на луксузно возило за негови потребни и за уште неколку други автомобили за општинската администрација, трошење илјадници евра за ручеци и вечери по ресторани. Пред последните локални избори, Алијанса за Албанците обвини дека милиони евра со години се одлевале од буџетот на Општина Струга,од страна на двоецот Рамиз Мерко и Армен Кадриу, преку сомнителна концесија за улично осветлување со фирмата Сити Лајт, за што тогаш приложија и банкарски сметки. Рекоа дека за ова било известено Јавното обвинителство и финансиската полиција.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button