Камиони и денеска фрлаа отпад на депонијата во Шуто Оризари

На депонијата во Шуто Оризари, камионите со ѓубре продолжуваат да се истураат еден по друг, без никој да води сметка за загадувањето на животната средина, или, со други зборови, без никој да бара одговорност за кршење на законот. Немаше никој на теренот додека неколку возила го истураа отпадот на оваа локација. Работите за расчистување на депонијата, според изјавата на градоначалникот на Шутка, требаше веќе да почнат.
Два дена пред Курбан Бајрам. Овој период е важен, бидејќи токму за овој период градоначалникот на Шутка кажа дека ќе започне со работата за чистење на депонијата во Шуто Оризари. Сепак, како што можете да видите од инсертите, работата сè уште не е започната.
Денес се обидовме да го контактираме градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, но без успех. Пред околу две недели Дудуш, рече дека мониторингот би бил полесен ако таа површина се исчисти еднаш целосно. Тој вели дека многупати луѓето кои се фатени како фрлаат ѓубре во таа област имале конфликти со инспекторите, и додаде дека Општина Шуто Оризари, нема капацитет сама да се справи со овој проблем.
.Жителите на оваа област се жалат на здравствени проблеми главно со белите дробови. И во текот на летото и зимата, депонијата постојано гори, со што чистиот воздух станува недостапен за граѓаните.
Еви Шкопи