ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставните измени се уште во Владата, Собранието ги чека подготвено

Владата вчера одржа седница, но не расправаше за иницијативата за уставни измени. Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена рече дека ќе и се даде простор на опозицијата да одлучи дали ќе се приклучи кон носењето на одлуката за уставните измени и евроинтеграцискиот процес. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со дел од раководството на партијата беше на разговори во Брисел. Се огласи и претседателот на државата Стево Пендаровски кој изрази надеж дека до ноември ќе бидат направени уставните измени, за да се избегне државата сама да се блокира за влезот во ЕУ.

Advertisements

Мицкоски во изјава за медиумите повтори дека нивната порака е јасна: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков договор што ќе биде под бугарски диктат.

-Тоа е основната и суштинската порака која што овде во Брисел ја пренесовме и ќе продолжиме да ја пренесуваме, а која што се темели на нашите факти и аргументи, изјави тој.

Делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ, во чиј состав се и потпретседателите Тимчо Муцунски и Алексанадр Николоски, како што информираа од партијата, е во Брисел за да оствари неколку средби со високи претставници на ЕУ.

Претседателот Стево Пендаровски, кој присуствува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на ПСЈИЕ во Подгорица, изрази надеж дека до ноември ќе бидат направени уставните измени, за да се избегне државата сама да се блокира за влезот во ЕУ.

-Како што е познато, минатата година гласавме да ја прифатиме европската рамка и тоа беше еден од предусловите да продолжиме со преговори за членство во ЕУ. Веќе е оформрена работна група во рамки на нашето Министерство за правда, составена од ексpерти и политички претставници на партиите во Парламентот. Тие дадоа предлог за содржината на амандманите, па и за влез на бугарското малцинство во македонскиот Устав. Според најавите, следните две недели би требало таа иницијатива да ги помине процедурите во Владата и потоа да влезе во Парламентот, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button