ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Првото гласање за уставните амандмани до крајот на јули

„Наша должност во најбрз рок да ја почнеме парламентарната дискусија за уставните измени. Крајот на јули е моментот кога Собранието паузира, па сметам дека треба до тогаш да се случи првото гласање. Целата постапка треба да заврши до крајот на ноември“, изјави вицепремиерот за ервопски прашања Бојан Маричиќ.

Advertisements

Вицепремиерот вели дека минатите уставни измени Северна Македонија ги направила за три месеци и сметам и дека и сега ќе се создадат услови за двотретинско гласање. Според него, постои оптимизам дека европската перспектива може да стане реалност со заедничка одговорност на сите парламентарни партии.

„Целата постапка треба да заврши до крајот на ноември. Нема да се откажеме од дијалогот, дијалогот е најдобро средство и ќе се обратиме до секој пратеник, до секоја политичка партија затоа што сметаме дека сите имаат одговорност. Ако цела европска и светска јавност ни вели дека сега е вистинскиот момент и ние знаеме што се нашите обврски, вистинското место, вистинското време за отворање на дијалогот е сега, по 17 години во чекалната на ЕУ, државата и граѓаните немаат време за губење“, истакна Маричиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button