ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ИНСТАТ: Расте извозот на албански производи за Македонија, намален увозот на македонски во Албанија

Во првите пет месеци од годинава албанскиот извоз во Северна Македонија се зголемил за речиси 1,7 милијарди лека (15, 7 милиони евра) споредено со истиот период минатата година.

Advertisements

Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за надворешно трговската размена, во периодот јануари-мај, во Северна Македонија се извезени стоки во вредност од околу 9,2 милијарди лека или 82,2 милиони евра.

Наспроти растот на албанскиот извоз се намалува увозот на македонски производи во Албанија.

– Во овој извештаен период забележан е пад на увозот на стоки од Северна Македонија и тоа за 813 милиони лека(7,5 милиони евра). Според податоците, увозот резултира со бројки од 5,8 милијарди лека (53,7 милиони евра) наспроти 6,6 милијарди лека (61,1 милиони евра) колку што бил во првите пет месеци од 2022 година, наведува ИНСТАТ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button