ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Бугарија треба да покаже на сите нивоа на политичко делување дека се залага за интеграција на регионот во ЕУ

Бугарија треба да покаже на сите нивоа на своето политичко делување дека се залага за интеграција на целиот регион на Западен Балкан во Европската Унија. Верувам дека за тоа се залагаат и сите партии коишто се во коалициската влада во Бугарија, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Advertisements

Ковачевски рече дека очекува соработката да продолжи во насока на тоа што го покажа владата на Кирил Петков во последните денови со гласањето на Резолицијата во бугарското Собрание, посочувајќи дека практично тие партии сега се дел од коалициската влада во Бугарија, која сега има ротациски премиер на девет месеци.

– Сметам дека соработката треба да продолжи во таа насока, изјави Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button