ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија е далеку од целосна родова еднаквост

Дури и со напредок од 2,5 поени од последното мерење во 2019 година, потребно е многу подобрување во сите области на Индексот на родова еднаквост. Македонија во 2022 година достигна 64,5 поени и ако продолжи со ова темпо, ќе бидат потребни приближно 57 години за да се достигнат максималните поени за родова еднаквост што се предвидени во индексот.

Advertisements

Родовиот јаз во областа на знаење, во споредба со другите 5 полиња од Индексот, е единствената каде родовата нееднаквост е понеповолна за мажите во споредба со жените. Додека родовата нееднаквост во сферата на работата, парите и моќта, покажува дека жените се соочуваат со многу бариери при пристапот до пазарот на труд и затоа почесто се неплатени работници и се поизложени на ризик од сиромаштија. Најмала нееднаквост има во областа на здравството.

„Родовата еднаквост не е само за правата на жените, туку за создавање општество кое е подобро за сите вклучени, мажи, жени, нашите деца и млади луѓе…., рече Ами Ларсон Џаин, амбасадор на Шведска во РСМ.

Споредено со земјите од регионот во Западен Балкан, Македонија има повисока оценка. Според податоците на последниот индекс, Албанија има 60,4 поени, Србија 58 и Црна Гора 55.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button