МТСП: Неосновани реакциите на МПЦ

Од Министерството за труд и социјална политика тврдат дека реакциите во јавното мислење, поточно од МПЦ против предлог-Законот за родова еднаквост немаат основа. Според министерката Јованка Тренчевска, црквата реагира на неинформираноста и непознавањето на содржината на предлогот. Според неа, законското решение за родова еднаквост и Законот за матична евиденција се два различни закони кои не се вкрстуваат еден со друг.
За протестот на МПЦ, Тренчевска вели дека не треба да се ускратува правото на протест, туку вистината да се каже таква каква што е.
Црквата се спротивставува на законските одредби кои дозволуваат поединецот да го промени родот во правна смисла, што според нив ќе го отвори патот за истополови бракови .По реакцијата на свештените лица, Владата одлучи да го повлече законот од процедура, барајќи разбирање за поширока дебата и консултативен процес. Законот за матична евиденција и минатата година беше во собраниска процедура, но беше повлечен од процедура откако политичките партии се изјаснија дека не го поддржуваат законското решение.
Адриан Керими