ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се најавуваат мерки против неодговорни жители кои фрлија остатоци од курбаните по улиците во Тетово

Општинскиот инспекторат на Тетово, ќе преземе мерки против дел од жителите кои не го почитувале правилото за фрлање на останките од курбаните на местата определени од Исламската верска заедница и општината.

Advertisements

Иако од општина Тетово беше утврдено местото каде ќе бидат фрлени кожите и другите остатоци од курбаните, сепак, во некои делови на градот Тетово, некои несовесни граѓани воопшто не го почитуваа тоа, а остатоците од курбанот биле фрлени на улица, од каде мирисало многу лошо.

Жителите реагираат на фрлањето на остатоците од курбаните насекаде.

„Не е во ред, не знам што да кажам. Сам работам во комунална хигиена, не знам што да кажам. Ова треба да се отстрани и да се стави каде што треба, во земја, а не близу контејнери, за потоа да смрди…“

„Курбанот не се фрла на земја туку во контејнер. Треба да се стават во земја, бидејќи кучињата ги влечат низ улиците.  Ако сите ние ги фрлиме остатоците, замислете како ќе смрди, кучињата ќе се соберат околу нас.“, реагираат жителите.

Од Општинскиот инспекторат велат дека по утврдување на состојбата на дел од улиците во Тетово, ќе бидат изречени казни во висина од 2450 денари за дел од жителите.

„Општината во соработка со ИВЗ, постави две локации за продажба на курбани, и локација каде ќе се однесат остатоците, но наидовме и на многу пречки во изминатите денови, бидејќи дел од граѓаните фрлаа во контејнери. Согласно законот, каде што имаме податоци ќе има записник за несовесните граѓани, согласно законот ќе дејствуваме и со санкции“, рече Гани Алији -Раководител на општинскиот инспекторат.

Општина Тетово, најави и дека на веб-страницата на општината ќе објават видеа на лица кои не ги почитувале препораките каде треба да се фрлаат остатоците од курбанот.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button