ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новиот плоштад во Тетово остана само на ветување

Помина долго време откако Тетово ја загуби душата, својата естетика, а се повеќе се бетонизира. Меѓу главните болки што ги има Тетово она што, можеби, наликува на плоштад од некое село, но не и на плоштад во град.

Advertisements

Многу градоначалници на Тетово ветуваа дека плоштадот ќе биде налик на европските центри, но ветувањата никогаш не се исполнија. Жителите велат дека просторот воопшто не наликува на градски плоштад.

„Ова е како плоштад во Бангладеш, уште животни фалат.. Овде ни се случуваат само лоши работи, без разлика која влада е.Освен што не мамат нас граѓаните, ништо друго не прават“, велат граѓаните.

Плоштадот остана во ваква состојба како резултат на немањето волја да се направи нешто ново и убаво, вели сликарот Нехат Беќири, кој се сеќава на некогашниот градски плоштад.

„Нешто убаво беше уништено и стана нешто што само наликува на касаба, што го покажува пустошењето на вредностите. Не само плоштадот. Имаме два архитектонски факултети во Тетово, така што не недостигаат идеи за нови работи, но недостига волја. Тетово, ако сака да се развива, мора дефинитивно да излезе од својата лушпа, и да виде што може да направи за иднината, па дури и да не ја прашува мојата генерација, туку новите генерации, бидејќи на нив припаѓа“, вели Нехат Беќири, сликар.

Отидовме и во општината да прашаме кога ќе почне реновирањето на тетовскиот плоштад, и првиот човек на Тетово Билал Касами уште еднаш вети дека по завршувањето на проектот овој плоштад ќе почне да се гради, но без да прецизира кога. Касами изјави дека со новиот проект плоштадот ќе се прошири и ќе има подвозници кои ќе завршуваат пред Домот на културата.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button