МАКЕДОНИЈА
Алијанса: Погребални компании ја злоупотребиле ковид пандемијата

Според сите статистики, Северна Македонија е земја со најголем број на смртни случаи од КОВИД 19 во регионот, и покрај бројните проблеми, многу семејства се должни да издвојат значајни средства за погребите на нивните најблиски од ова болест, реагираат од партијата Алијанса за Албанците.
Во нивното соопштение се додава:
Според информациите што ги имаме од граѓаните, разни погребални компании ја злоупотребиле ситуацијава и за нивните услуги барале од 12,000 до 35,000 денари, цена која е висока за специјална ПВЦ пластична торба, каде што е завиткано телото на починатиот, како и лимен ковчег, врз основа на еден протокол, кој според Државниот Санитарен и Здравствен Инспекторат НЕ ПОСТОИ.
Алијансата за Албанците прашува:
- Зошто Министерството за Здравство девет месеци дозволил вакво нешто, кога знаела дека не постои таков протокол и дозволил кражба на граѓаните?
- На која жиро сметка се исплатени средствата од страна на граѓаните, за ПВЦ торбите и ковчегот со телата на починатите од КОВИД 19?
- Кои се компаниите кои се договорени од стана на Министерство за Здравство за кражбата на граѓаните?
- Затоа бараме:
- Итно да се прекине со проневера и класична кражба на граѓаните од страна на Владата и истата да подготви протокол за погребување на мртвите од КОВИД19.
- Семејствата кои се оштетени, повеќето социјални случаи, веднаш да се компензираат, и да им се враќаат украдените средства.
- Бараме одговорност и отчет од страна на Министерот Филипче, за ова СКАНДАЛОЗНА ИЗМАМА на граѓаните, каде директно се допира во џебот и се крадат граѓаните.