ЗЕЛС ќе расправа за Мерко на првата седница
ЗЕЛС ќе расправа за Мерко на првата седница

Колегите градоначалници на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, ќе дебатираат за неговото ставање на црната листа на САД. ЗЕЛС на првата наредна седница, ќе разговара на оваа тема, потврди членот на управниот одбор, градоначлникот на Охрид, Кирил Пецаков.Според него, судските органи треба до крај да го испитаат целиот случај и наводите на американскиот Стејт департментот. Дали Мерко би бил исклучен од ЗЕЛС, Пецаков не можеше да потврди.
„Како управен одбор секако дека тоа ќе биде една од темите за која што ќе поразговараме меѓутоа ние не треба да чекаме некој да ни кажи дали е корумпиран или не, ние треба да имаме правосуден систем кој тоа ќе го работи на дневна основа, не поврзано со градоначалникот него со било кој друг.
Постои ли можност за негово исклучување?
Не знам. Моето залагање е дека институциите брзо ќе го решат сето ова и ќе ја извадат на површина вистинската слика“, изјави Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.
Уиверзитетскиот професор на економскиот факултет Љубомир Кекеновски,вели дека проблемот е во тоа што нема реакција од институциите во борбата против корупцијата.
„Ништо ново што не се случили во последните 30 години. Проблемот е тоа што ние немаме нова реакција. Ако видиш ти дека е неказнива грешката ќе ја повторуваат сите. И она што е опасно мислам што ја игнорираме дури и теоријата во овој контекст, знаете секое општество каде што има долга корупција, тоа е култура на корупција.Или имате општество кое е длабоко вкоренето во оваа култура на корупција на институциите кои работат за еден мал дел на луѓе или имате инстутиции кои работат во интерес на јавното добро“, рече Љубомир Кекеновски, универзитетски професор.
Премиерот Димитар Ковачевски, на последната собраниска седница за пратенички прашања рече дека не само градоначалникот на Струга, туку оставки треба да поднесат и сите советници што ги поддржувале неговите одлуки но и дека најдолг период на функцијата Мерко бил во време на коалицијата на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, за последните одлуки за куување на аудито А6 и на уште три други автомобили за општински потреби Мерко доби поддршка од советнциите на СДСМ и на ДУИ.
Мики Трајковски