ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Судење за организаторите на „27 април“, Ристовски: немаше „пеколен“ план

На судењето за организаторите на насилниот 27 – ми април, со своја одбрана започна обвинетиот екс-министер Спиро Ристовски. Во судница презентираше видео снимки од протестите пред три години, како и обраќања на говорници кои беа поддржувачи на тогашните протести против т.н. Тиранска платформа. Ристовски тврдеше дека за 27 – ми април немало пеколен план, а сите кои зборувале пред демонстрантите не повикале на насилство, туку барале мирно и достоинствено да го искажат своето незадоволство. Освен Спиро Ристовски, за организатори на упадот во Парламентот обвинети се и поранешниот спикер, Трајко Вељаноски, екс-министерот Миле Јанакиески, како и поранешнипот директор на УБК, Владимир Атанасовски.