ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Постојаните врнежи и наглите високи температури го преполовија тутунот

Постојаните врнежи и наглите високи температури го преполовија тутунот

Тие инвестираа исто толку време и напор како и претходните години, но оваа година поради временските услови, тутунарите изгубија повеќе од половина од количината што очекуваа да ја соберат.

Advertisements

Муамер Муслиу од Љуботен, вели дека сега имаат најголем страв од високите температури бидејќи можат целосно да им ги уништат  посевите.

“Сега е време да се собере прва рака тутун, потоа втора рака, и третата рака како што оди по ред. Имаме многу оштетувања од невремето, бидејќи не се исуши, целосно ќе согори. Катастрофа е оваа година, како со лубеницата, тутунот, и се друго… климата се промени, не е климата како другите години.. Оштетено е, затоа што ова не сака многу врнежи. Ако сега  фати топло време, може целосно да се уништи, бидејќи не сака многу топло, кога испарува од земјата, почвата скапува”, изјави Муамер Муслиу, тутунопроизводител.

Муслиу, кој цел живот се занимава со одгледување тутун, вели дека во текот на неговиот живот имало неколку вакви лета.

“Колку години се занимаваш со тутун?

– Седумдесет години.

Дали некогаш имало ваква година?

– Ретко кога, а годинава повеќе од 3 месеци  нон-стоп врнеше дожд, топло-ладно. Сеуште не сме се загреале како што треба, во рок од 3-4 месеци дали сме се загреале 10 дена…. 5000 килограми, 3000, 4000, оваа година е има малку.  Повеќе од половина тутун е оштетен”, нагласаи Муамер Муслиу, тутунопроизводител.

Прво јагодите, потоа црешите и другите овошја од оваа сезона, домати и краставици, па дури и медот се производите кои досега страдале од  обилните врнежи. Познавачите на хидрометеоролошките околности, ја опишаа оваа сезона како исклучителна, подвлекувајќи дека во споредба со месечниот просек од претходните години, оваа година во истиот период паднало трипати повеќе дожд.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button