Дебата: Судиите најголеми не-спроведувачи на правдата
Дебата: Судиите најголеми не-спроведувачи на правдата

Нефункционирање на законот, корумпирани и послушни судии, се само дел од критиките кои беа упатени кон судството и спроведувањето на правдата во дебатата околу тоа како да се постигне независно судство. Хелсиншкиот комитет соопшти дека и покрај стотиците милиони евра за обука и свесност на судиите, тие и понатаму остануваат најголеми не-спроведувачи на законите и правдата.
Од „Коалицијата за правично судење“ велат дека треба да се преземат сериозни и итни чекори за да се стави во функција правдата и функционирањето на законите.
Судството и Обвинителството се мета на бројни домашни и меѓународни критики. Со години се издвојуваат средства од САД и ЕУ за подобрување на состојбата, но резултати нема. Тоа го покажуваат и последните анкети, каде довербата на граѓаните во судството е само 4 отсто.
Мелихате Рустеми