ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ганиу: Никогаш не ни било во план отворање нова партија, целта ни е да дејствуваме внатре како фракција

Ганиу: Никогаш не ни било во план отворање нова партија, целта ни е да дејствуваме внатре како фракција

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, истакна дека информациите за внатрешна фракција меѓу т.н. огнена група ги добил преку медиумите. Тој изјави дека луѓето од фракцијата на ДУИ се на одмор, а завчера остварил контакт со Беџети и дека заедно се координирале за состојбите.

Advertisements

Ваквата изјава следува откако деновиве во јавноста имаше информации дека челниците на огнената група, Изет Меџити и Блерим Беџети, се во политичка војна поради тоа што наводно Меџити пропагира „огнените“ да расчистат со ДУИ и да формираат свое движење или партија, а Беџети смета дека како фракција треба да ја продолжат битката за реформирање на ДУИ.

На прашањето дали фракцијата планира да отвори нова партија, Ганиу со одговор дека никогаш тоа не им било во план, туку нивната цел е од внатре да дејствуваат како фракција и да функционираат.

Внатрепартиските избори на ДУИ, кои се одржаа минатиот викенд, според Ганиу, се нелегитимни.

„За нас е нелегитимно, ние имаме по седум члена и сите заедно заклучивме дека тоа е надвор од статутот. Во статутот не е предвидено еден член – еден глас. Таа важи само за претседателот на партијата, а не важи за другите. Партијата не го повика Извршниот совет и продолжи така да функционира без амин од внатрешните органи, кои алудирале дека ова е нестатутарно. Ние не учествувавме во ова бидејќи сè беше изрежирано. Најавија две-три илјади гласа, а не знаеме дали излегоа околу 400. Тоа покажува дека процесот е фиктивен, а не природен“, посочи Ганиу.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button