Екс генералниот секретар во Владата осуден на 8 години затвор
Екс генералниот секретар во Владата осуден на 8 години затвор

32 години затвор за седуммината обвинети во случајот „Софтвер“ во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Рашковски, беше осуден на 8 години затвор, а останатите добија од 3 до 5 години за злоупотреба на службената положба, перење пари и фалсификување исправи. Покрај казната, Рашковски и неговите соработници ќе треба да ја надоместат и казната предизвикана во државниот буџет во износ од 6,4 милиони денари.
Рашковски е осуден зашто додека бил генерален секретар во Владата, набавил биометрискиот систем за идентификација, софтвер за утврдување просечна брзина на автомобилите во сообраќајот и издавање казни, камери за препознавање таблички на автомобилите и метални кабини за потребите на системот за биометриска идентификација. Покрај јавните набавки, во обвинението на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е опфатена и исплатата на хонорари. Покрај ефективната мерка, обвинителството побара од Кривичниот суд да му го одземе правото на Рашковски да предава како универзитетски професор. Покрај Рашковски, за злоупотреба на службената положба е обвинет и неговиот наследник Мухамед Зеќири, кој во моментов е под мерки на претпазливост додека судењето му е при крај.
Адриан Керими