ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ЈСП во вторник на штрајк, намален број на автобуси низ скопските улици
ЈСП во вторник на штрајк, намален број на автобуси низ скопските улици

Во вторник, 11 јули, ќе има намален број на автобуси низ скопските улици, бидејќи дел од возачите на ова претпријатие, од 4:30 часот ќе започнат штрајк. Тие бараат зголемување на платите и почитување на правата на работниците, истовремено жалејќи се дека нивните барања не се земаат во предвид подолго време.
Тие ги повикуваат сите да не ги прифаќаат работните налози на тој ден и да се приклучат на штрајкот.
ЈСП има околу 600 вработени, но според овој синдикат досега околу 180 потврдиле дека ќе протестираат.
Ајнур Бафќари