ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Една година, по камен темелникот, нема ништо од фабриката за електрични автомобили

Една година, по камен темелникот, нема ништо од фабриката за електрични автомобили

И 11 месеци по камен- темелникот на фабриката за производство на електрични автомобили „Е-ГО“ во Тетово, работите се уште остануваат во подготвителна фаза. Во Технолошко- индустриската развојна зона во Тетово и денеска може да се забележи терен покриен со трева и парче бетон, на кои како што беше речено на 13 август 2022 година требаше да никне капиталната инвестиција од милиони евра. Требаше да се спојат 4 парцели за да се обезбеди простор за проектот, бидејќи беше прогласен за гигантски со вкупна инвестиција од 130 милиони евра. Но, од брендот „Е-ГО“ очекуваат 1/3 од парите да ги даде државата како што имале договор. За доцнењето на проектот директорот на ТИРЗ ја префрла „топката“ кон Владата.

Advertisements

Иако на инаугурацијата беше кажано дека во рок од 8 недели ќе започне изградбата на објектот каде што се планира да се произведуваат електрични автомобили, булдожерите сега се најавува дека ќе пристигнат на 13 август 2023 година за да почнат да ги копаат темелите. Инаку, пред една година, на 13 август, на годишнината од Охридскиот договор, на свеченоста во фабриката се собраа министри и високи функционери на ДУИ, кои ветуваа дури илјадници вработувања. Нивните очекувања беа дека за година и пол фабриката ќе биде пуштена во употреба. Доколку ова стане реалност, во јануари 2024 година „Е-ГО“ треба да ја пресече лентата за да започне производството на електрични автомобили.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button