Оценувачката мисија за Судскиот совет -доказ дека потфрлило
Оценувачката мисија за Судскиот совет -доказ дека потфрлило

Оценувачката мисија на Европската Унија кон работата на Судскиот совет, според експертите, е доказ дека оваа институција, вклучително и другите правосудни органи, потфрлиле. Според професорката, Мирјана Најчевска, доаѓањето на мисијата значи дека нашите институции не успеале да ги спроведат препораките и реформите, па затоа е потребна мисија за оценка за да се утврди фактичката состојба. Според неа, власта се обидува оваа мисија да ја прикаже како успех, но всушност тоа ја докажува нивната неспособност.
Најчевска оценува дека политичкото влијание врз органите на прогонот созадало паралелен систем каде што правото не владее подеднакво за сите.
Оценувачката мисија на работата на Судскиот совет ја најави евроамбасадорот во земјава, Давид Гир. Според него, скандалозните случувања во Советот го вклучиле алармот во Брисел за итна интервенција. Најавите ги поздравија премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, оценувајќи ги како позитивна порака. Идејата на амбасадорот Гир ја поздрави и Судскиот совет.
Адриан Керими