ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претреси во Куманово, приведени три лица

Претреси во Куманово, приведени три лица

Денеска (08.07.2023) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.П.(29), Г.М.(42) и М.К.(24), сите од Куманово.

Advertisements

При претреси на повеќе локации во градот, во домови и други простории што ги користат лишените, извршени со судска наредба, кај нив биле пронајдени хероин, амфетамини, таблетки екстази, пари во износ од 28.000 евра во различни валути, нотарски договори и други предмети поврзани со различни кривични дела.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button