ЗАБАВА

Не ги фрлајте старите хулахопки!


Со сигурност ќе потенцираме дека жените најмногу од се купуваат хулахопки. Иако се наша потреба, тие лесно се кинат и веќе по неколку носења и едно перење треба да ги замениме со нови. Но, не треба да ги фрлате хулахопките бидејќи тие имаат уште неколку примени освен примарната.

Кога сакате да пронајдете некој ситен предмет

Доколку никако не можете да ја пронајдете обетката или прстенот за кој сте сигурни дека ви е некаде по дома, навлечете хулахопки на цевката од правосмукалката и стегнете ја со ластиче. Почнете да метете со правосмукалката и предметот кој го барате од под софата ќе остане на перлонскиот чорап.

За чување на украсна хартија

Едноставно, хартијата за пакување на подароци може да ја чувате во една ногавица од хулахопки, ем ролната нема да се одмота, ем хартијата ќе биде заштитена од прашина

За собирање на влакна

Доколку дома имате милениче, сигурно знаете колку е мачно кога треба да се исчистат сите оние влакна кои остануваат по него на мебелот и теписоните. Сега тоа ќе стане полесно, само завиткајте ги хулахопките во форма на топче и отстранете ги влакната со неколку потези.

За чистење на дамки

Знаеме дека одредени креми или дезодоранси може да остават бели траги на темните алишта. Но, и за тоа има решение. Само навлечете подебели хулахопки на суво сунѓерче, истријте ја дамката додека е свежа и исперете. Црните алишта ќе бидат црни повторно.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button