СПОРТФУДБАЛ

Леонардо: Мбапе мора да замине, нема лидерски способности

Поранешниот спортски директор на Париз Сен Жермен, Леонардо, истакна дека Килијан Мбапе мора да си замина од клубот ова лето, доколку тој се прашува, и тоа за доброто на францускиот клуб. Леонардо тврди дека Мбапе е одличен фудбалер, врвен стрелец, но дека нема лидерски способности. Тој со своето однесување во минатиот период покажал дека не може околу него да се гради тимот на ПСЖ.

Advertisements

„ПСЖ постоел и пред Мбапе, ќе постои и по него. Шест години е во Париз, а пет различни клуба во тој период ја освоија Лигата на шампионите и ниеден од нив во тимот го немаше Мбапе. Значи, тој не е пресуден за освојување на трофејот во ЛШ. Мислам дека е дојдено време Мбапе да си замине од ПСЖ, без разлика колку болна ќе биде разделбата. Тој е одличен фудбалери и врвен стрелец, но со своето однесување покажа дека не е лидер. Тешко е да се изгради тим околу него“, изјави Леонардо.

Мбапе не сака да потпише нов договор со ПСЖ, а клубот му постави ултиматум дека ќе го продаде ако не го стори тоа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button