МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца крадци од Скопје, кај едниот била пронајдена и дрога

Полициски службеници ноќеска 15 минути по полноќ на подрачјето на Центар ги привеле Е.К.(38) и С.Р.(55), двајцата од Скопје, поради тоа што вчера од хотел во Градскиот парк во Скопје одзеле сеф со пари.

Advertisements

Како што соопштуваат од МВР, при извршена проверка кај Е.К. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, како и алати со кои е извршена тешката кражба, а притоа било констатирано дека се барал по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор – Прилеп за доиздржување на казна затвор од 4 години и 9 месеци.

По целосно документирање на случајот од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button