И Тетово затрупано со смет, им се расипале камионите за собирање

И Тетово се задушува од ѓубре. Сите контејнери се пренатрупани, а дополнително на се околку нив се собираат и многу кучиња-скитници. Граѓаните се жалат на големата смрдеа, стравувајќи од ширење на болести поради високите температури.
„Ова е болест за секого. Температурите го прават своето. Отпадот тука со недели и месеци не се чисти, се надеваме дека ќе биде подобро. Реата многу пречи, мора да носите маски како за ковид, сега мора да се носат“…
„Вака е со години, ништо ново. И сами видете како мириса. Не може. Целиот смет се фрла во реката. Тоа не смее така, но се случува во Тетово“, реагираат граѓаните.
Од јавното комунално претпријатие велат дека сметот не е собран затоа што им се расипале двата камиона.
„Двата специјални камиони за подигање на големи контејнери се со дефекти. Поради тоа е собрано повеќе ѓубре. Во последните четири дена на најголемите точки за собирање не можеме да исчистиме. Очекуваме еден од камионите да биде поправен и пуштен во употреба утре, додека другиот ќе биде на терен за три дена и сите контејнери ќе бидат исчистени“, наведуваат од јавното комунално претпријатие, Тетово.
Еден од проблемите со кои се соочува ова претпријатие е и доцнењето на платите за вработените. Таа доцни веќе три месеци. Дури и последната ја земале со задоцнување поради блокираната сметка од страна на Управата за јавни приходи како резултат на неплатени долгови.
Вјолца Алити