ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Избеган затвореник крадел во скопски хотел

Триесет и осумгодишен скопјанец, кој на 5 јули побегнал од прилепскиот затвор, три дена подоцна успеал во вечерните часови да влезе во службени простории на хотел во Скопје и да украде предмети во вредност од околу 100 илјади денари.

Advertisements

Како што се вели во образложението од скопското Основно јавно обвинителство (ОЈО), 38-годишниот скопјанец од хотелот успеал да украде метален сеф заклучен со шифра, а во кој имало парични средства во износ од околу 1 400 евра, клучеви од хотелот, неколку СИМ-картички, како и пет патни исправи на гости сместени во хотелот. Вкупната вредност на одземените предмети, како што велат од ОЈО, се проценува на околу 100 илјади денари.

Осомничениот, додаваат од ОЈО, потоа го напуштил местото на настанот, но се вратил следниот ден и кога се приближил до службениот паркинг му пристапиле членови на обезбедувањето на хотелот.

„Осомничениот со спреј за самоодбрана ги испрскал во очите и веднаш почнал да бега влегувајќи во такси возило. Возилото било пријавено и сопрено од полициски службеници кај Градежниот факултет во Скопје, по што пријавениот бил лишен од слобода“, се вели во соопштението од ОЈО.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button