ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

И Финансиската полиција го проверува шефот на Управниот суд, Бурим Сејдини

Финансиската полиција работи на проверка на наводите од кривичната пријава против претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини. Неофицијално од ова институција дознаваме дека е оформен предмет кој се разгледува, но оттаму не даваат конкретен рок за понатамошните активности. Во меѓувреме во Владата, односно вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, продолжува да молчи. Министерката и Владата на 28 јуни ја добиле анонимната кривична пријава против претседателот на Управниот суд, но досега не реагираа дури ни по изјавата на Сејдини, кој ги отфрли обвинувањата и ги оцени како тенденциозни.

Advertisements

Кривичните пријави содржат наводи дека наводно Сејдини во својство на претседател на судот, распределувал предмети рачно и го злоупотребил електронскиот систем АКМИС. Освен тоа, евентуално намерно застарувал финансиски предмети и вршел вработувања од исти семејства за кои, според подносителите на пријавата, има судир на интереси.

Сејдини вчера на прес-конференција ги отфрли сите вакви тврдења, велејќи дека за време на неговиот мандат немало, нема и нема да има рачна распределба на судски предмети. Според него, обвиненијата имаат за цел да го поткопаат неговиот и имиџот на судот. Во меѓувреме, Антикорупциската комисија формираше предмет и почна да работи на утврдување на наводите. По добиената пријава, Судскиот совет одлучи да формира комисија за контрола во Управниот суд, но тоа ќе се случи дури во септември.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button