ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата: Пожарот во судот во Куманово е подметнат за да се скрие криминал

Во раните утрински часови подрумите на Основниот суд во Куманово ги зафатил пожар. Според првичните информации, оштетен е голем дел од судскиот архив. Пожарникарите интервенирале на време, а според неофицијални информации, причината била електричен дефект.

Advertisements

Судот и обвинителството денеска беа затворени. Министерот за внатрешни работи најави истрага.

Според опозицијата,пожарот не е случаен. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека власта веќе неколку пати докажала дека се обидува да прикрива криминал.

Од партијата Алтернатива сметаат дека повторувањето на ваквите пожари низ државните институции докажуваат дека тие се намерни.

„Интересно е што на секои 2-3 години има пожари во судовите и случајно овие пожари се случуваат во просториите каде што се чуваат архивите и во ниту еден случај досега не е пронајден виновникот. Не случајно и во анкетите за доверба на институциите, судството е последно“, наведоа од Алтернатива.

Основниот суд Куманово е втор по големина на државно ниво по Кривичниот суд во Скопје.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button