ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија во посета на Собранието

Во посета на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде Касандра Фернандо, претседателка на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија.
Фернандо ќе има средба со собранискиот спикер Талат Џафери и со членовите на парламентарната делегација на Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ).
Предвидена е и средба со претседателот на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Австралија, Зоран Коцевски, соопшти собраниската прес-служба.