РЕГИОН
Вулин ставен на црната листа на САД

Директорот на Безбедносно информативната агенција на Србија (БИА) Александар Вулин е ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави, објавено е на сајтот на американското министерство за финансии.
Како што пишува во објаснувањето, Вулин е вмешан во „меѓународен организиран криминал, нелегална трговија со наркотици и злоупотреба на јавна функција“.