Кумановски суд: Изгоре архива на стари предмети

По повеќе од 20 часа пожарникарите во Куманово успеале да го локализираат пожарот во подрумските простории на Основниот суд. Се упте не се знае колкава е штетата предизвикана во просториите на судскиот архив. Утринава терен имало екипи на полицијата и Јавното обвинителство кои ќе ги истражуваат причините за пожарот. Утринава бил пријавен нов пожар, но пожарникарите утврдиле дека се работи за остатоци од истиот пожар и веднаш бил локализиран.
„Пожарот е 99 отсто изгаснат, но ние остануваме посветени на контрола на ситуацијата и подготвени сме да интервенираме во секој момент, наведоа од Противпожарната единица во Куманово.
Според првите информации, документите кои се уништени се главно предмети стари 70 години. Според опозицијата тоа не е случајно. Според ВМРО-ДПМНЕ, пожарот во Основниот суд Куманово отвора многу сомнежи.
„Сомнително е што архивата во судот се запали во раните часови по полноќ кога нема никој во судот. Нема да бидеме изненадени ако повторно продолжен кабел, струјомер, високи вечерни температури или метеор би можеле да бидат причина за пожарот“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.
Барем до понеделник нема да работи Основниот суд Куманово поради немање струја и вода за пиење во зградата.
Адријан Керими