ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка во посета на земјава

Тројцата министри во „Славков“ или „Аустерлиц“ формат: министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски денеска ќе престојуваат во посета на земјава.

Advertisements

Како што соопшти Министерството за надворешни работи (МНР), тројцата шефови на дипломатии се ополномоштени од високиот претставник за надворешни работи на Европската унија, Жосеп Борел за да ги пренесат официјалните ставови на ЕУ по однос на прашањата поврзани со нашето европристапно досие.

Од Делегацијата на Европската унија соопштија дека министрите ќе се сретнат со претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на политичките партии и пратениците во Собранието.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button