
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека се уште нема извештај од стручната комисија за случајот со родилката која на почетокот на овој месец имаше обид за самоубиство на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК).
– Првите упатувања беа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), од инспекторите. Ние нормално постапивме по закон, по ред како што е. Има стручна комисија. Се уште немаме извештај од стручната комисија. Во моментот кога ќе имаме извештај, во ист момент ќе го споделиме со медиумите, рече министерот Меџити