МАКЕДОНИЈА

Градоначалничката Арсовска не се појави на вонредната седница на Советот на Град Скопје

На вонредната седница не се појавија ниту градоначалничката Данела Арсовска ниту, пак, директорката на КХС, Косана Мазнева-Николиќ, а претседателот на Советот, Трајко Славески, изјави дека од Арсовска не добил никакво известување дека таа нема да биде присутна на оваа седница. Тој кажа дека седницата ја закажал уште во понеделникот, а од градоначалничката наредниот ден добил допис во кој му било соопштено дека ѓубрето се собира, но не добил одговор дали таа ќе го присуствува или не на денешната вонредна седница.

Advertisements

Координаторката на советничката група на СДСМ, Љубица Јанчева, која беше иницијатор за свикување на оваа вонредна седница рече дека Арсовска има игнорантен и неодговорен однос кон градот, но и кон советниците и побара таа да си поднесе оставка поради неспособноста да го менаџира градот.

„Во време на Арсовска се блокираше градот Скопје, немаше превоз, а сега беше затрупан во ѓубре. Што ли е следно, да остане без вода? Скопје на температури од 40 степени беше затрупан во ѓубре а неа ја нема, нејзиното столче како и многу пати досега стои празно“, рече Јанчева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button